Втор протестен марш за спас на Водно

Под мотото „Да ја зачуваме нашата оаза на чист воздух од насилната урбанизација“, денеска (недела, 9 февруари) во 10:00 часот  пред ОУ Кочо Рацин во Скопје ќе се организира Вториот протестен марш за спас на Водно.

vtor_protesten_marsh_vodno

Во најавата за настанот се вели:„Ве повикавме да ни се придружите заеднички да искажеме загриженост и несогласување со забрзаното уништување, прекумерната урбанизација, сечењето на шумата, изградбата на бројни објекти и сообраќајници на планината Водно.

Сакаме да го спасиме Водно за себе, за сите нас и за следните генерации, се бориме и за оние кои денес го поддржуваат уништувањето на Водно, но предводени од мотивот за профит, не согледуваат дека сите сме на иста страна. Здружено и масовно да им покажеме дека ова е за сечие добро. Во ова време на повеќекратна загаденост на воздухот, грижата за Водно треба да биде приоритет за скопјани“.

You May Also Like