Кавадаречкиот мјузикл „Во ритамот на љубовта“ триумфираше во Банско

Од 29.11 до 2.12.2012 година, во Банско Р.Бугарија се одржа VII меѓународен фестивал на таленти „Утринска ѕвезда“.
Учениците од гимназијата „Добри Даскалов“ се претставија со мјузиклот „Во ритамот на љубовта“ и го освоија првото место.

Извонредната кореографија,прекрасната музика, костимографијата го направија настапот гламурозен и совршен,а членовите на стручното жири и публиката во салата беа воодушевени од позитивната енергија на учениците и соживувањето со улогите и времето од овој мјузикл.

Патувањето на фестивалот го овозможи Градоначалникот Александар Панов и Советот на општина Кавадарци.

You May Also Like