Средношколците го одбележаа Меѓународниот ден на спортот

По повод Меѓународниот ден на спортот, во спортската сала на Средното градежно и гимназиско училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски“, се одигра натпревар од четвртото коло во групата Б од средноучилишната кошаркарска лига на Град Скопје во женска конкуренција, помеѓу екипите на СУГС „Здравко Цветковски“ и СУГС „Панче Арсовски“, а во текот на денот, ќе се одржат и неколку ревијални натпревари во кошарка, мал фудбал и во одбојка.

megunaroden_den_na_sportot

На натпреварот со што симболично беше одбележан Меѓународниот ден на спортот (6-ти април) присуствуваа и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателката на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски, директорот на Агенцијата за Млади и спорт, Маријан Спасевски и директорката на СУГС „Здравко Цветковски“, Драгица Костадиновска.

– Ви пожелувам добредојде во спортските сали на нашето средно училиште, каде што денеска се одбележува Меѓународниот ден на спортот. Не е едноставна причината зошто токму во нашето училиште се одбележува овој ден, затоа што нашите ученици и екипи се едни од најнаградуваните на градските и државни спортски првенства. Сакам да истакнам дека и нашето мото е „ВО ЗДРАВО ТЕЛО, ЗДРАВ ДУХ“ и се приклучуваме на акцијата на Град Скопје и Средноучилишниот спорт, спортувањето во средните училишта да биде што помасовно. Морам да потенцирам дека овој ден од идната година за нас и нашето училиште ќе биде спортски ден, а се надевам дека се повеќе ученици ќе спортуваат и ќе се вклучат во средноучилишните натпреварувања, рече Костадиновска.

Директорката Костадиновска им врачи благодарници на сите соработници и помагатели во одбележувањето на Меѓународниот ден на спортот, a химната на Република Македонија и химната на Олимписките игри, ги интонираше хорот на СУГС „Здравко Цветковски“.

You May Also Like