Нова книга од Влада Урошевиќ

Во издание на „Дијалог“ од Скопје деновиве излезе од печат книга од познатиот македонски писател и академик Влада Урошевиќ посветена на генерацијата која ги даде големите литературни имиња: Живко Чинго, Петре М. Андреевски, Богомил Ѓузел и Радован Павловски. Книгата под наслов „Сложувалка од измазнети камења“ е објавена со предговор и коментари на Веле Смилевски.

kniga book

Во своето ново дело Влада Урошевиќ прави смел меланж на повеќе видови текстови посветени на неговата дејност во кругот на генерацијата на која тој припаѓа и со децении е главниот афирматор и толкувач на нејзините специфики и вредности. Меѓу кориците на книгата за прв пат во таков обем и со таква изворност се презентира генерацискиот феномен со еден документарен, мемоарски и епистоларен слој низ записи, писма и фотографии со извонредно интересни содржини.

Во предговорот со наслов „Роман за една генерација“ Веле Смилевски пишува: „Ова е ретка книга која се потпира на документот, но е многу повеќе од тоа: текстовите од оваа книга имаат душа, некоја пулсирачка енергија од самото средиште на настаните со кои се врзани имиња на значајни писатели од македонската литература. Оваа книга е своевиден роман за една генерација. Роман каков што до сега не сме прочитале.“

You May Also Like