Ј.У. Детски културен центар “Карпош“, на 6 јуни оваа 2013 година го прославува своето 65 годишно постоење и работење.
Официјалното одбележување на јубилејот ќе биде во првата недела на месец јуни, 2013 година. Одбележувањето ќе започне со доделување на благодарници,промовирање на монографија,изложба,а ќе заврши со концерт и коктел.
Концертот ќе биде под покровителство на сопругата на Претседателот на РМ, г-ѓа Маја Иванова,која била поранешен член на центарот.