Денес (петок, 22. 3. 2013 година) со почеток во 18:30 часот, во галеријата на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата на плакати Родченко и сиже од 20 современи руски графички дизајнери.
Во рамки на програмата за јубилејот 5. години постоење на Меѓународниот студентски конкурс за плакат, Здружението на графички дизајнери Плакарт во соработка сo Сергеј Серов организатор и куратот на Московското Биенале, за прв пат на екс ју просторите ја презентираше изложбата на плакати на Александар Миколајевич Родченко и омаж од 20 современи руски графички дизајнери по повод 120 години од раѓањето на Родченко.
Изложбата која досега беше поставена во Музеј на современата уметност од Скопје, Музејот во Битола, го продолжува својот пат и вечерва ќе биде официјално отворена во КЦ Марко Цепенков, а е составена од репродукции на родченковите значајни дела, кои како поставка за прв пат ќе бидат покажани на овие простор и 20 дела на руски графички дизајнери инспирирани од творештвото на таткото на конструктивизмот. Овие 20 плакати, вклучувајќи ги меѓу другите оние на Јури Гилтов, Еугениј Добровински, Елена Китаева, Александар Лаврентиј-Родченко, Дмитри Закаров, Мајкл Аникст, како дел од светската иницијатива за прославување на 120 годишнината од раѓањето на Родченко.
Александар Родченко е можеби најсестраинот конструктивист и продуктивист кој творел по октомвриската револуција во Русија. Неговите дела се сведок на времето во кое настанува суштествена промена на процесот на творење, но и на формите на пренесување на уметничката порака. Тој поставува стандарди на една нова култура и уметничка ангажираност, го трасира патот на поинаква од дотогашната естетика во сликарството, фотографијата. За едни е творец кој се бави со експерименти, за други револуционер и уметник кој пожртвувано ги брани своите идеи. Неговиот допринос за развој на графичкиот дизајн е непроценлив, а неговите дела се инспирација за огромен број на дизајнери ширум светот.
Во текот на месец декември од страна на Плакарт беа реализирани четири активност кои македонската публика имаше можност да ги посети, изложба на 5. МСКП ‘Money for free’, изложба на дела од Славимир Стојановиќ и две предавања, на споменатиот српски дизајнер и на Серж Серов, претседателот на Светското графичко биенале „Златна пчела“. Со оваа изложба, изложбата на мајсторот на советската пропаганда, се навршува реализацијата на програмата за 5. годишниот јубилеј на Плакарт.