На 05 октомври 2013година ќе се одржи традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“. Повикот за учество на уметници што на есен ќе бидат дел од ова еднодневно културно раздвижување на Скопје е распишан и апликацијата може да се превземе на www.belanok.mk
Апликациските форми заедно со дополнителните документи треба да бидат испратени најдоцна до 15 јуни 2013 година, на следниве адреси: Младински културен центар,со назнака (ЗА БЕЛА НОЌ 2013), Кеј Димитар Влахов 15. 1000 Скопје, Македонија. Или на e-mail: belanok@mkc.mk.