Сколиозата се позачестено заболување кај најмладите

62% од родителите не ги носат децата на контролен преглед на ‘рбетот – се вели во истражувањето кое го спроведе Општина Центар:

„Ова истражување го инициравме со цел да добиеме точна слика и прецизни бројки за перцепцијата на ова заболување, колку се запознаени родителите и колку можат да откријат самите дали нивното дете има сколиоза. Практиката кај нас во Ремедика покажува дека родителите не знаат и не можат самите да ја детектираат сколиозата. Промените ги забележуваат дури кога болеста и искривувањето ќе влезе во посериозна фаза. Овие резултати заедно со заклучоците од нашата секојдневна пракса ќе не насочат кон креирање и преземање на конретни чекори за сузбивање на честиот проблем со искривување на ‘рбетниот столб кај најмладите“, изјави д-р Иванка Стефановска, шеф на одделението за ортопедија во Ремедика.

Сколиозата е се позачестено заболување меѓу најмладите. Во исто време, постои само делумна свесност за причините и последиците од сколиозата, покажаа резултатите од спроведеното истражување меѓу родителите.

Општата болница Ремедика заедно со општина Центар во месец декември спроведоа истражување во седум основни училишта во оваа општина. Целта на истражувањето беше да се дојде до точни и релеватни информациите за знаењето, информираноста и свесноста на родителите за сколиозата. Резултатите од истражувањето покажаа дека родителите знаат за сколиозата, имаат познавања но сепак тие се мали и недоволни. Загрижувачки податок е дека само 38 отсто од испитаниците го однеле своето дете на преглед за утврдување на состојбата на ‘рбетот. Дури 37 отсто одговориле дека во своето опкружување имаат некој што страда од сколиоза.

“Резултатите и бројките од ова истражување се доволно сериозни за да нè алармираат сите нас. Загриженост треба да оди понатаму од нашиот дом и нашиот двор. Потребно е заедничко здружување и реагирање, родителите, здравствените и образовните институции и секако општината. Само со таква заедничка реакција можеме да бидеме сигурни дека ќе израснеме здраво и право поколение. Ова е само почеток на активностите што заедно ќе ги спроведеме“, изјави Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на оштина Центар.

Општата болница Ремедика и Оштина Центар  во скоро време најавуваат започнување на кампања за едукација и зголемување на свеста кај родителите за причините, начините и симптомите на сколиозата.

 

You May Also Like