Денеска (четврток, 13 септември, 2012) со почеток во 12:00 часот и утре (петок, 14 септември, 2012 година) со почеток во 19:00 часот, на сцената на МОБ ќе се изведе оперската бајка за деца „Јованче и Марика“ од Енгелберт Хумпердинк.
Диригент на претставата е Бисера Чадловска, режијата е на Нина Најденова од Бугарија, сценографија на Борислав Стојнов од Бугарија, костимографија на Марија Пупучевска, кореографија на Олга Панго и концерт мајстор Климент Тодоровски.
Во улогата на Петар (таткото) ќе настапи Невен Силјановски, Гертруда (мајката) – Александра Лазаровска Василевски, во улогата на Јованче ќе настапи Билјана Талеска, Марика – Ана Ројдева Талевска, вештерката – Десанка Глигоријевиќ, самовила на ноќта – Нада Талевска и раскажувач – Кирил Андоновски.