Под закрилата на мотото “Минато, сегашност, иднина – Секогаш е време за мода” , изминатиов период напорно се работеше на најголемата модна манифестација во Македонија, неделата посветена на модата. Сето тоа спакувано од 1 – 14 април ќе биде презентирано на неколку скопски локации.
Сигурно ве интерсира кој македонски дизајнери ќе ги претстават своите најнови колекции за пролет/лето 2013 на Модната Недела Скопје (FWSK)?
Еве го одговорот :
Роберт Ивановски -„Toreo“
Антонија Ристовска -EKВИЛИБРИУМ
Олгица Ѓоргиева
MCouture by Мила Кадриу
DUMA
Елена Спасовска -„Стариот свет“
Христина Деспотовска
Јована Филиповиќ-Una historia
Mikka design (Катерина Микрут)-„X и 0”
HARD TO EXPLAIN (Katerina Popeva)-„ГРАДИНА НА МЕЧТИТЕ“
КОКЕВ
LE BRAND
Маја Кикирткова
Никола Ефтимов-Being Nikola Eftimov
Росица Мршиќ
ВИБА ТЕКС
Ирина Тошева
Никола Петровски-„Црвената линија“
Elena Luka-“ДАЛГА “
Тијана и Мила Поповиќ-„After Colors“
Стефанија Насеска
Лидија Георгиева -Пејсаж број 26
Сека Радончиќ
Оваа сезона „Моден Викенд Скопје“, покрај модните ревии и перформанси, организира и проект „Ретроспектива на модата во Македонија 1983 – 2013“, поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, со кој ќе се долови процесот на создавање на колекции кои не познаваат граници.
Програмата на „Моден Викенд Скопје“ оваа сезона е збогатена и со проектот “READY TO WEAR” SKOPJE CITY MALL – FASHION WEEKEND, кој претставува сосема поинакво модно случување кое има за цел да прерасне во традиција на прослава на уличната мода.
FWSK не застануваат тука , па воведуваат уште една нова страница од модната лепеза, станува збор за проектот наречен ПОП! Мода.
Имено, се работи за соработката помеѓу Амбасадата на Соединетите Американски Држави – Скопје и Моден Викенд Скопје,на гала вечер во Амбасадата, своите модели ќе ги презентираат финалистите: Алмир Мили, Ана Камчева, Арта Шаќири и Мешите Лочи, Елена Додевска и Хана Миленковска, Елена Ивановски, Еми Норис, Гордана Вренцоска, Ивана Цветковска, Ксенија Котева, Марио Милосов, Марио Додовски, Орнела Јордановска и Виктор Цветановски, кој исто така ќе се претстави со својот моден перформанс во шоу-румот на Моден Викенд Скопје.
Александра Овчарска