Десетти јубилеен „Моден викенд Скопје“

Десеттото јубилејно издание на Моден викенд Скопје кое ќе се одржи од 23 до 27 октомври ќе биде во знакот на сензуална геометрија, чисти форми и неонски бои.

monika_i_bube FWS (photo by ani&dimi)

Фотосесијата за новиот имиџ означи старт на подготовките за претстојната сезона есен/зима ‘14/’15 чие заштитно лице е моделот Моника Алексовска која беше прогласена за најдобра манекенка на годинешното априлско издание на Моден викенд Скопје.

Визуелната порака на сезоната содржи елементи од колорните контрасти на оптичката уметност и заводливата мода од 60-тите години на минатиот век. Графичкиот минимализам и сензуалноста претставени преку дигитални цветови кои беа застапени минатата сезона овој пат се преточени во поедноставен облик.

„Оваа есен/зима ќе ја одбележи безвременскиот, класичен изглед со нагласени очи, црн туш , истакнати трепки и сензуални усни. Вистински редизајниран „Твиги стил“.“, вели мејкап артистот Зоран Шурбевски кој се погрижи за шминката во соработка со AVON кој е и официјален мејкап – партнер на десеттото издание на Моден викенд Скопје.
За трендовите во однос на фризурата , користејќи ги производите на LAKME познатиот стилист Бубе од фризерското студио Бубе Студио Ин вели : „Строгите линии кои ќе бидат апсолутен тренд следната сезона на изгледот му даваат моќност и безвременска женственост.“
Креацијата во која е облечена Алексовска ја потпишува Виктор Цветановски кој се претстави со капсулна колекција на априлското издание на Моден викенд Скопје.

ТИМОТ ЗАДОЛЖЕН ЗА ИМИЏОТ

– Продуцент: Светлана Богова Јовановска
– Концепт&дизајн: Анита Гај
– Фотографија: Ани и Дими
– Видео: Марина Трајковска
– Шминка: Официјален партнер за шминка и убавина AVON во соработка со Зоран
Шурбевски
– Фризура : Брендот LAKME во соработка со фризерско студио Бубе Студио Ин
– Модел : Моника Алексовска (модна агенција Подиум)
– Кастинг директор: Ирина Илиевска
– Стајлинг: Виктор Цветановски

monika_FWS(photo by ani&dimi)shurbevski_i_monika(photo by ani&dimi)

You May Also Like