Во Ресен се одржа манифестацијата „Народни песни и ора“.
На неа настапија Културно уметничко друштво „Таше Милошевски“ од Ресен , најстарото друштво во Македонија кое постои 69 години и Асоцијацијата за фолклор “Плетенка”, изведувајќи десеттина сплетови, меѓу кои и „Осоговка“, „Сред село“, „Калајџиско“, „Цвеќеберачки“, „Оркестарско оро“, „ Малешевка“ и други.
Модератор на вечерта беше новинарката Валентина Ѓоргиевска Парго- родена ресенчанка и поранешпна членка на играорната.
Во преполниот спорска сала присутни беа и високи претстваници, меѓу кои и ресенскиот градоначалник М-р Ѓоко, Стрезовски, Владиката на Европската епархија Пимен (роден ресенчанец), Хрватскиот конзул во Битола Бранко Маретиќ и други.
Познато Културно уметничко друштво, „Таше Милошевски“ е првото културно уметничко друштво основано во Македонија. Оваа ресенска играорна група, формирана во далечната 1945 година. Преку песната и орото, со звуците на гајдата и тапанот оваа играорната група цели 69 години пред широкиот светски аудиториум , врвно и достоинствено ја презентира Преспа и Македонија, со нејзините обичаи и колоритен фолклор. Денес, во рамките на друштвото, работат повеќе групи кои ја негуваат старата македонска песна и македонската фолклорна уметност.
Настапите на КУД „Таше Милошевски“ останаа врежани во срцата на многу луѓе кои ги следеле на европските фестивали, а како резултат на восхитеноста што ја предизвикувале кај публиката, добивани се и бројни признанија и награди во изминативе години.
Забележливо е дека Ансамблот користи мошне богата и оригинална традиционална носија за сите сплетови кои ги изведува, носија која изобилува со рачно изработени везови и други орнаменти, со што се збогатува вкупниот впечаток при нивната изведба на уште побогата концертна програма.
Седумдеценискиот влог во градењето на континуитетот и традицијата на КУД „Таше Милошевски“, не е случајност. Ресен е град со голема музичка историја. Тој е градот на првите серенади, испеани „под пенџерите на чупињата“, градот на опеаниот музичар Пере Ноче, на Пара и Мице, на Васето на Тановци и Томе на Тозијовци, на историски значајниот Ансамбл „Распеани Ресенчани“, на музичките семејства Кремшовци, Ночевци, …на врвниот педагот Кирил Христовски- Кире Музичарот, на групите „Персиди“, „Андромеди“, „Орбити“…и многу други познати и признати поранешни и актуелни музички уметници.
Сите тие заедно го сочинуваат ресенскиот музички мозаик , во кој централното место го има КУД „Таше Милошевски“, со гордост да повториме првото и најстарото играрно друштво во Македонија. Друштвото е насловено по ресенски борец Таше Милошевски.
Асоцијацијата за фолклор „Плетенка“ е формирана во 2001 година од група ентузијасти, како продолжение на некогашното културно уметничкото друштво при Универзитетот Св,,Климент Охридски -Битола.
Оваа позната битолска Асоцијација за фолклор исто така има за цел да го негува и да го презентира македонскиот фолклор и култура во земјава и во странство. Но, и да ги запознава помладите генерации со македонската традиција, македонските корени , македонскиот ентитет затоа што тоа е базата која го сочинува и карактеризира еден народ. Во ова Културно уметничко друштво работаат три секции: фолклорна, пејачка и музичка. И во нив имам припадици од разни генерации.
Културно уметничко друштво „Таше Милошевски“ од Ресен догодина ќе го прослави својот седумдесетгодишен јубилеј.