Денови на македонската култура во Шведска

Манифестацијата во организација на Македонската амбасада во Стокхлом имаше чест да ја отвори Театарот за деца и младинци од Скопје со многу наградуваната претстава „Македонска приказна“.

Богатото културно наследство со елементи од македонскиот вез, македонската традиционална игра и изворните песни како составен дел на „Македонската приказна“, успеаа на мошне автентичен начин да ја претстават Македонија пред присутните гости во Boulevard Theater во Стокхолм.

Во Македонската амбасада во Стокхолм истакнуваат дека настапот на Театарот за деца и младинци претставува почеток на Деновите на македонската култура во Шведска, кои ќе продолжат со концерти и изложби на македонски уметници во втората половина на годината.

You May Also Like