„Пасхално ехо“ албум од големиот Велигденски концерт

Деновиве е издаден албумот од Велигденскиот концерт во чест на празниците на Христовите Страдања и Велигден што се одржа на 5ти април годинава во Универзална сала во Скопје.

За прв пат во историјата на македонската музика е направена оркестрација на древни источно-православни напеви од страна на еминентниот композитор и професор Живојин Глишиќ, кој на ова дело работеше повеќе од една година. Во изведбата на познатите композиции што се дел од богослужбените песнопенија на Страсната седмица, како и воскресниот тропар, земаа учество Македонската филхармонија, нашиот познат поп-пејач Ламбе Алабаковски, монахињата Касијана и хорот при Македонската православна богословија.

Бигорскиот манастир, заедно со своите соработници, го посвети овој концерт и албумот на својата Мајка Црква – славната и најсвета Охридска Архиепископија, честитајќи и’ го нејзиниот 45-годишен јубилеј: нејзиното возобновување во лицето на МПЦ.

Албумот е веќе пуштен во продажба во сувенрската продавница при Бигорскиот манастир.

You May Also Like