Дебата за Градот: SKOPJE REMIXED

Дебатата со поднаслов „Има ли место за културна слобода во оваа „метропола“?“ ја организираат: Младински образовен форум (МОФ), PMG Recordings и Skopje Remixed. Настанот ќе се одржи денеска (27-ми јуни, среда) во Младинскиот културен центар (Кино Фросина), во 19.00 часот.

Целта на оваа дебата е да ја подобри културата на дијалог во јавниот дискурс, да отвори дебата за употребата на јавниот културен простор и да провери дали постојат моќни културни јадра во Градот Скопје.

На јавната дебата ќе се обратат: Златко Стевковски, директор на МКЦ, претставник на ПМГ рекордингс,  Слободанка Стевческа како претставник на Иницијатива Кооперација и Џабир Дерала, претседател на Цивил – центар за слобода.

Дел од темите кои ќе се дискутираат на оваа дебата се следниве:
– Дали јавниот културен простор и дискурс е освоен од државата или независната сцена успева да се наметне со своите дела?
– Што ги охрабрува, а што ги обесхрабрува културните работници во нивните обиди да освојат парче јавен простор?
– Каква е културната промена во Скопје од независноста до денес?

You May Also Like