Културна програма во Крушево по повод Денот на независноста

Богата програма во годинешниот град на културата Крушево, по повод Денот на независноста …

vlatko stefanovski koncert krusevo

Крушево ќе биде македонскиот центар, при одбележувањето на Денот на независноста на Република Македонија, кој истовремено е и ден на ослободувањето на градот. Празничните денови ќе бидат исполнети со богата и многу разновидна културно – уметничка програма.

Првиот ден, 07 септември (недела) ќе биде вистинско уживање за сите почитувачи на врвните гитарски мајстории на Влатко Стефановски. Влезот е бесплатен, а концертот започнува во 21:00 часот, пред споменикот „Илинден“.

Веќе следниот ден е посветен на македонскиот фолклор. Во Крушево на градскиот плоштад, во 20:00 часот, ќе заиграат и запеат играорците од Ансамблот за народни песни и игри на Македонија „Танец“.

Tanec - slika

Од општината информираат дека доколку временските услови не се поволни, концертите на Влатко Стефановски и „Танец“ ќе се одржат во спортската сала „Војвода Ѓорѓи Стојанов“ во Крушево.

По концертните денови, следи денот посветен на копаничарите, кои деновиве во Крушево ја одржуваат својата 57 изложба посветена на Петре Филипоски – Гарката. На 9-ти септември во 20:00 часот, изложбата свечено ќе биде затворена, а по тој повод во храмот „Свети Никола“ во Крушево, ќе настапи хорот „Стив Наумов“ од Битола, кој ќе се претстави со духовна музика.

Hor Stiv Naumov

Сите овие настани се во рамките на манифестацијата „Крушево – град на културата за 2014 година“, во реализација на Општина Крушево и Министерството за култура на Република Македонија.

You May Also Like