Ден на свечености на УКИМ

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска (7 декември, петок) ќе се одржат два значајни настана – прогласување на почесен професор и одбележување на 35 години на Православниот факултет:

– Свечено доделување на титулата почесен професор doctor honoris causa на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на д-р Јунус Сојлет, ректор на Универзитетот во Истанбул, Турција.

Место на одржување – аула на УКИМ

Време на одржување – 10,00 часот

– Свечена академија по повод 35 години постоење на Православниот богославски факултет „Св. Климент Охридски“, придружна членка на УКИМ.

Место на одржување – Православен богословски факултет

до манастирот Св. Јован Крстител

Време на одржување – 12,00 часот

You May Also Like