Вечерва, (петок, 07.12.2012) со почеток во 20:00 часот на сцената на Македонската опера и балет, ќе се одржи спектакуларен гала балетски концерт „Прослава на танцот“.
Ќе настапат најголемите балетски имиња на денешницата – Игор Колб (Русија), Јана Саленко (Германија), Мариан Валтер (Германија), Жан Филип Дури (Франција), Надја Сајдакова (Русија), Сех Јун Ким (Јужна Кореа), Роналд Савковиќ (Шпанија) и Јован Веселиновиќ (Србија).
Од солистите на МОБ ќе настапат, првенката на Македонскиот балет– Александра Мијалкова, заедно со солисти: Марија Кичевска, Ивана Коцевска, Васил Чичијашвили.
Програмскиот концепт на галата, е збир на класични и модерни парчиња и согласно со тоа програмата е поделена во два дела.