Следна концертна дестинација во Македонија на Симон Трпчески е Кочани. Концертот е ќе се одржи в сабота, 15 декември во Националната установа Центар за култура „Бели мугри“, со почеток во 19:30 минути.
Како резултат на извонредниот прием од домашната јавност и публиката од градовите во кои се одржаа првите 5 циклуси (Гевгелија, Струмица, Прилеп; Штип, Куманово, Тетово; Гостивар, Битола, Струга; Валандово, Кавадарци, Охрид и Велес; Кичево), следнува концерт со хуманитарен предзнак во рамките на проектот Концертна турнеја со Симон Трпчески низ Македонија.
За настапот пред кочанската публика Трпчески предвиде дела од Шуберт, Гуно, Доницети, Моцарт, Григ, Пучини, Росини, Шахов, Зографски, Лековски… Секако, нема да изостанат и програмските изненадувања за публиката.
Партнер на проектот е Министерството за култура на Република Македонија, а поддржувач на концертот е Општина Кочани.
Кочани е град на културата за 2012 година.