Институтот „Конфуциј“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска (2 јуни 2014, понеделник) од 11:00 до 13:00 часот во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје (Центар за конференции и студии) го одбележува традиционалниот кинески празник Дуанву.
Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје (Центар за конференции и студии) го одбележува традиционалниот кинески празник Дуанву.
Програма:
– Предавање за потеклото, историјата, значењето и обичаите поврзани со празникот Дуанву,
– Краток филм за традиционалните јадења кои се приготвуваат за овој празник,
– Дегустација на пелмени со ориз (традиционално јадење кое се служи на празничната трпеза).
Според кинескиот лунарен календар празникот Дунаву во кинеската традиција се прославува на петтиот ден од петтиот месец. Овој значаен празник во Кина се прославува повеќе од 2000 години и има големо влијание. Прзникот го слави патриотскиот поет Чу Јуан (340 – 278 п.н.е.) и исто така претставува можност Кинезите да го чуваат здравјето и да се спречат болести.
Овој празник е поврзан со многу обичаи и активности кои не само што се практикуваат во Кина туку и во околните земји. Главни обичаи се трката со змејови лотки, јадење на пелмени од леплив ориз, носење на парфимирана торбичка и врзување на свилена врвца од пет различни бои.
Легендата за Чу Јуан
Како министер во државата Чу – една од седумте завојувањи држави пред обединувањето на Кина од страна на императорот на првата феудална династија Чин (221 – 206 п.н.е.) – Чу Јуан ја поддржувал одлуката да се војува против моќната Држава Чин (една од седумте завојувани држави во текот на Перодот на Завојувани држави (476 – 221 п.н.е.) во сојуз со Државата Чи. Меѓутоа бил накодошен од аристократот Ѕи Лан и бил прогонет од страна на кралот. За да ја покаже својата љубов и преданост кон својата земја, тој има напишано многу патриотски песни како што се „Тага“, „Прашања за небото“ и „Деветте Песни“ кои се сметаат за генијални дела и поради кои тој се смета за еден од најславните поети во кинеската историја. Во 278 п.н.е, откако го завршил пишувањето на неговото последно ремек дело „Прегрнувајќи го песокот“, се фрлил и удавил во река за да не ја гледа својата земја освоена и окупирана од Државата Чин.
Кога веста за смртта на Чу Јуан се прочула меѓу народот, настанала голема жал. Рибарите го барале неговото тело со лотки и чунови по реката а другите луѓе од брегот фрлале храна како што се јајца и пелмени од леплив ориз во реката за рибите и останатите водени животни да ги јадат нив и да го остават телото на Чу Јуан недопрено. Во годините што следеле луѓето го имитирале овој чин во знак на почит на овој голем поет и патриот и овој ритуал продолжува до се изведува до денешен ден.
Затоа што Чу Јуан починал на петтиот ден од петтиот месец според лунарниот календар, луѓето одлучиле да му оддадат почит на овој ден секоја година. Трките со змејови лотки и јадењето на пелмени со леплив ориз се главните обичаи поврзани со овој фестивал. Веќе 2000 години патриотскиот дух на Чу Јуан предизвикува восхит кај многу луѓе и тој останува почитуван и во други култури и земји.