Денеска (вторник, 6 мај) свечено ќе биде отворено 17-то биенале на македонската архитектура – БИМАС 2014 во „Музеј на град Скопје“ со почеток во 20.00 часот.
Биеналето ќе трае од 06.05 до 19.06. Главната изложба на македонските архитекти ќе биде поставена во „Музеј на град Скопје“.
Во рамките на БИМАС 2014, во „Мала станица“, ќе оди и изложбата на студентите по архитектура на сите универзитети во Македонија – БИСТА 2014, која традиционално се одржува во склоп на биеналето на македонската архитектура, со отворање на 08.05 (четврток) со почеток во 20.00 часот.
Исто така во рамките на времетраењето на биеналето, со свои предавања и изложби ќе учествуваат голем број на видни архитекти од светот и регионот кои ќе се одржуваат во „Музеј на град Скопје“ и „Мала Станица“.
На последната вечер (затворањето на БИМАС 2014) 19.05.2014 (понеделник) со почеток во 20.00 часот ќе бидат доделени и наградите на БИМАС 2014:
– Голема награда на БИМАС – Гран При, за реализиран архитектонски објект
– Награда за проект од областа на архитектурата
– Награда за реализирана внатрешна архитектура – ентериер
– Награда за реализиран индустриски дизајн
– Награда за урбанистички план или проект
– Награда за проект од внатрешна архитектура и индустриски дизајн
– Специјална награда