Деветти интернационален стрип салон „Велес 2011“

Овој викенд во Велес ќе се организира традиционалниот  9-ти по ред Интернационален салон на стрип „ Велес 2011“ . Годинава организаторот, Стрип центарот на Македонија со седиште токму во овој град, обезбеди бројни гости како од страна, така и од домашната стрип сцена.

Пред се Џамал Игл од Америка, којшто работи за реномираната издавачка куќа „ДЦ Комикс“ потоа Кан Такахама од Јапонија , Фрида Бунзли од Швајцарија, Сибила и Иван Коритареви од Бугарија, Ивица Сретеновиќ од Србија, Гани Сундури од Косово и Герта Опараку од неафирмираната албанска стрип сцена.

На свеченото отварање кое ќе биде во петок 14.10 во 19,оо ч во Ликовен салон – Велес, на Иванка Апостолова ќе и се додели Признанието „Љупчо Филипов“ за развој и афирмација на македонскиот стрип.Другите два дена се планирани за презентации и промоции. како и за меѓусебно другарување и размена на искуства.

You May Also Like