Трибина „Мобилноста и балканските писатели“ во МКЦ

Денеска (вторник, 5 март) во 11:00 во МКЦ во Скопје ќе биде одржана трибина на тема „Мобилноста и балканските писатели“.

Трибината е дел од првиот меѓународен фестивал „Про-за Балкан“ на која специјални гости се: Владислав Бајац (Србија), Андреј Блатник (Словенија), Алек Попов (Бугарија) , Миленко Јерговиќ (Хрватска) и Андреј Николаидис (Црна Гора).
Поканети се и македонски автори и издавачи, а модератор ќе биде проф.д-р Елизабета Шелева.

Од 18:30 до 20:30 часот гостите ќе потпишуваат книги во книжарницата „Икона“
– Скопје Сити мол.

You May Also Like