Дебата со тема: „Македонија има услови за почнување на стартап бизниси“, која ќе се одржи денеска (27 Февруари, четврток) во 18:30 часот во МКЦ Клуб Ресторан.
На овој настан дебатери ќе бидат Димитар Османли од Едукативен центар М6 и Сашо Трајкоски од ИТЦ Групација.
„20 минути претприемништво“ претставува серија на отворени дебати за претприемништво, организирани од Фондација ИДЕА Југоисточна Европа и Фондација Претприемачки Сервис за Млади (ПСМ). Станува збор за настани каде во пријатна атмосфера релаксирано ќе се дискутира за сите аспекти на претприемништвото, следејќи до класичниот дебатен модел со две спротивставени страни.
Настанот е од отворен карактер и учеството е бесплатно.