Овој четврток (26 јуни) во Синеплекс пристига новото продолжение на франшизата Трансформери. Нови предизвици и нова мисија пред човештвото и диноботите. Македонската публика ќе има можност да го види филмот на само еден ден пред САД.
Во новото продолжение на Трансформери, најатрактивните автомобили на денешницата се претвораат во најатрактивни машини на иднината. Серијалот за Трансформери е создаден според една од најпопуларните детски играчки. Во новото продолжение „Доба на изумирање“ се очекуваат уште поимпресивни трансформации, повеќе акција и се разбира, привлечни брзи автомобили како Ламборџини, Бугати, Корвета, кои за момент постануваат огромни роботи.