Два филма од Киро Урдин во најсилната конкуренција на фестивал во Финска

Два филма на реномираниот македонски уметник, режисер, академикот Киро Урдин добија номинација за специјални награди во две конкуренции на најсилниот европски фестивал за филмови и тв-емисии од областа на животни и животна средина – Филмскиот фестивал во Васа, Финска (Vaasa Film Festival), 2012 година.

 

Филмот ДВЕ ВРЕМИЊА (2012, сценарио и режија: Киро Урдин; камера: Бранд Феро; музика: Венко и Васко Серафимови; монтажа: Владимир Петровски) е номиниран за награда во категоријата Ostrobothinia Australis Special Award Nomination.

ПЛАНЕТАРИУМ (сценарио и идиеја: Киро Урдин; режија: Иван Митевски; камера: Владо Јаневски и Драги Таневски; монтажа: Спасе Тасевски; звучна монтажа: Григор Паковски; музика: Венко и Васко Серафимови; продуцент: Сталин Лозановски, МТВ) е номиниран за награда во категоријата Terranova Artistic Award што ја доделува музејот “Ostrobothnian”.

Фестивалот на кој како номиниран автор ќе присуствува лично Урдин, ќе се одржи во ноември 2012 г. Да потсетиме, филмот ДВЕ ВРЕМИЊА, пред два месеца ја освои наградата  „Најдобар филм за животна средина“ (Best Natural Envionment Film) на Меѓународниот филмски фестивал за животински свет и природа што се одржа во Јаан, Кина.

You May Also Like