„Анимакс Скопје Фест“

Заврши пријавувањето на филмови за второто издание на Интернационалниот Фестивал за Анимација „Анимакс Скопје Фест“.


Во конкуренција за наградите се пријавени над 150 филмови од целиот свет. Процесот на селекција започна и во официјалната селекција 30-тина најдобри анимирани филмови ќе се борат за наградите Златна, Сребрена и Бронзена Тула.

На фестивалот ќе бидат прикажани и анимирани филмови вон конкуренција, а за најмладите ќе биде прикажана специјална програма.  Вљубениците на анимацијата ќе можат да се пријават на работилници предводени од врвни стручњаци од областа на анимацијата.

Фестивалот ќе трае од 28-ми до 30-ти ноември 2012. „Анимакс Скопје Фест“ е во организација на Аурипигмент продукција од Скопје, а е под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија и Градот Скопје.

You May Also Like