Се формира „jадро“ на независната културна сцена во Битола

В понеделник (22 октомври, 2012 година), со почеток во 13:00 часот, во просторот на МКЦ – Битола, ќе се одржи промоција на првата Асоцијација на независната културна сцена ЈАДРО.

Според програмата предвидена е презентација на ЈАДРО во соработка со МКЦ – Битола, АКТО, Елементи, Театарска продукција Интимен театар, потоа отворена дискусија на тема: „Состојбата на независната кулутрна сцена во Битола (предизвици, проблеми и алтернативни решенија)“.

Ова е исчекор во дејствувањето на претставниците на независниот културен сектор кој веруваме дека ќе придонесе во процесите за демократизација на социо-културниот простор и ќе овозможи, преку здружувањето на независните културни работници поголема артикулација на она што овој оппштествен сегмент го означува како социо-културен ангажман во просторот на културата, културните политики, самоорганизираната уметничка продукција и културниот активизам.
ЈАДРО – асоцијација на независната културна сцена е непрофитна, инклузивна, партиципативна и застапувачка платформа  која се стреми да го зајакне независниот културен сектор и неговото влијание врз креирањето и практикувањето на културните политики, со цел да ги поттикне процесите на демократизација во културата и, пошироко, во општеството и во граѓанскиот сектор.

 
Главните активности на оваа платформа, во која се здружуваат организации, поединци и неформални групи,  ќе бидат насочени кон обезбедување поширока видливост и општествена релевантност на независниот културен сектор преку континуирана застапеност на програмски активности, застапување за стабилен развој на секторот, јакнење на неговото влијание во општествениот контекст, развој на алтернативни културни практики на национално, локално и регионално рамниште.

 
ЈАДРО  има цел да прерасне во про-активен учесник во социо-културнитe процеси и ќе придонесе во пошироката развојна динамика на демократизација на општеството и на јавната сфера.
Преку платформата ќе се стимулира култура како постојан процес на динамични, хетерогени идеи, идентитети и формати на уметничко изразување.

You May Also Like