Денеска (сабота, 5 јули) во 20:00 часот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе биде промовиран романот „Резервен живот“ од Лидија Димковска.
Во романот се зборува за животот на главниот лик Злата Серафимовска во период од 40 години, и тоа, до нејзиното раѓање до навлегувањето во помирни животни води. Покрај приказот на животот на Злата, во позадината на дејството се наведуваат главните општествени настани, започнувајќи од 1970-тите до сегашноста, како потсетник на бурните времиња низ коишто поминала Македонија. Исто така, во романот се прикажува и дел од начинот на живеење во Лондон, каде привремено престојува главниот лик.
Воведна реч на вечерашната промоција ќе има Ненад Јолдески, а разговорот со авторката ќе го води Мерсиха Исмајлоска.
Димковска за „Резервен живот“ е дбитник на наградата за литература на Европската унија.