Нова поетска книга од Иван Антоновски

Неодамна, во издание на „Панили“ од печат излезе шестата поетска книга на младиот автор Иван Антоновски „Крикови од неископан гроб“.

Стихозбирката „Крикови од неископан гроб“  е конципирана во три одделни поглавја, кои парадигматично се насловени, на линија на целокупното име на книгата: Крикови први, втори и трети со поднаслови што ја исцртуваат постмодернистичката ангажираност на авторот, која лавира меѓу остриот тон на општествено-социјални теми, длабоките интимни исповеди и тенката линија што ја одвојува стварноста и имагинарното.

„Збогување со сенките“, „Копно помеѓу два брега“ и „Ребус од смислени недоречености“ содржат по осум, односно по девет стихувани памфлети, говори, приказни, недоречени зборови на душата, безгласни најсилни крикови на поетот.

Антоновски, минатогодишен добитник на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, иако млад, е веќе етаблиран автор, книжевен критичар и антологичар. Неговата најнова книга означува нова фаза во неговата поезија и се врти повеќе на комбинирање на традиционалните форми со модерниот израз, често не прифаќајќи го ларпурларистичкото сфаќање на уметноста.

You May Also Like