„Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски, со наградата за најдобро филмско сценарио на 7-то издание на добротворниот фестивал во Монако, одржан од 8- 15 мај годинава.
Ова е единаесетто меѓународно признание на филмот, кој продолжува да ниже успеси на фестивалите ширум светот. Покрај него и краткометражниот филм „Недовршена приказна“ во режија на Наум Михајловски, македонско-чешка копродукција, ја освои специјалната награда од жири, во конкуренција на краткометражен филм. Ова е првата официјална премиера на филмот надвор од нашата земја, како и негова прва меѓународна награда.
Филмскиот фестивал во Монако е добротворен настан кој се одржува секоја година во Монако, посветен на „Вирлание“ – филипинска филантропска фондација за помош на злоупотребени и запуштени деца. „Панкот не е мртов“ и „Недовршена приказна“ се двата македонски филмови кои добија награди на седмиот Филмски фестивал за добротворни цели во Монако.