Бојан Велевски во живо во Џубокс

Вечерва (четврток, 17-ти мај), пристигнува новата пролетна колекција на Бојан Велевски. Скроена за сите што сакаат да се насмеат и подзамислат, оваа stand-up колекција ќе биде промовирана на сцената на кабаре клубот Џубокс.


Со влезница од 150 денари со вклучен 20% попуст на нарачките, добивате шарен пакет од најдоброто од младиот актер кој оваа stand-up comedy сезона ќе ја затвори токму со четврточниот настап во Џубокс. По партијата смеење на младиот актер кој игра во „Ах љубов моја“ во новиот „Театар комедија“, следува редовната четврточна свирка на одличните Страна Б.

You May Also Like