Дваесет години „Оро без граници“

Детскиот културен центар „Карпош“ и годинава го органиизира Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ 2011, што ќе се одржува од 22 до 25 септември 2011 година.

Овој фестивал, којшто е најмасовен и најстар детски фестивал во земјава, година го слави својот 20-годишен јубилеј, а градот Скопје и Македонија биле домаќини на повеќе илјади странски и домашни гости и деца – играорци.

Според фестивалската програма на 23-ти септември (петок), играорците ќе го посетат Соборниот храм Свети Климент Охридски, а веднаш потоа ќе се одржи ФОЛКЛОРНОТО ДЕФИЛЕ низ центарот на градот до пред Камениот мост, каде што во 19:00 часот ќе се одржи свеченото отворање на Фестивалот.

Учесници на годинашниов фестивал се фолклорни групи од : Полска, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Турција и 10 домашни ансамбли.

You May Also Like