„Звуците на чаршијата“ од четврток во Скопје

На неколку локации во Старата скопска чаршија, задутре (четврток, 22 септември 2011 година) со почеток од 12:00 часот до полноќ, ќе се одржува  манифестацијата „Звуците на чаршијата“, што ја организира Културно  – информативниот центар.

Целта на овој интернационален мултикултурен фестивал е промоција на културното наследство во чаршијата, со  музички настани на учесници од Македонија и  соседните земји и претставување традиционални занаети и кујна.

– Проектот  нуди квалитетна забава за оживување на духот на Старата скопска чаршија, преку презентација на традиционалната мултикултурност, исполнета со непрекинати театарски претстави, концерти, поезија, ликовни изложби, перформанси, документарни филмови, танц, – информира организаторот.

Манифестацијата ќе биде отворена задутре напладне кај поранешната стоковната куќа „Мост“ со пијано настап на Зана Имери и Марија Вршкова, а ќе заврши на полноќ во Куршумли ан, со настап на оркестарот „Зиг заг“.

Настани ќе има и во Капан ан, Мурат-пашина џамија, ресторан „Турист“ и кафе „Ексклузив“.

You May Also Like