Во МКЦ е отворена изложба на графики на Иван Шопов

Синоќа (петок, 10 октомври) во Скопје беше отворена изложбата на графики на Иван Шопов, со наслов „Светла и сенки“.

 

svetla_i_senki_ivan_sopov

Отворањето на изложбата која во Скопје ќе биде поставена во следните 14 дена, е во рамките на Фестивалот на нови медиуми.

Во поставката се преку триесет графики, креирани во различни години. Креативниот јазик на Шопов е чудна интеракција со контрасти на светло и сенка, апстракција и реалност, агресија и спокојство. Најдобар начин да се пренесе оваа визија се црно мастило и бела хартија.
Иван црта приказна за убавината и распаѓањето. Природната убавина е претставена со сложени, темни и убедливи органски пејзажи – реалноста ѝ се спротиставува на апстракцијата. Некои од неговите дела се детални и сложени, прикажани се слоевити и внимателно инкорпорирани светови, и на макро и микро ниво. Фино илустрирано – често облаците се јавуваат како украси покрај интензивни и незгодни објекти, како што се дрва и уништени бродови, кои искажуваат силно чувство на носталгија и минливоста на времето. Повремено може да ви се причини дека во фокусот на Иван е геометријата на хаосот, како и апстрактни проекции на појави кои рефлектираат агонија. Но неговата работа, исто така, може да се забележи и карактеристика на минимализам,
спектакуларен ефект на едноставните линии преку ревитализација на објекти од неговите дела, како што се магнетофон или рака на уметникот која држи алатки.

Поларизацијата на идеи – понекогаш тешки и агресивни, понекогаш нежни и деликатни – е суштината на суптилниот уметнички израз на Иван Шопов.

Изложбата ја помогнаа:
Министерството за култура на Република Македонија
Културно-информативниот центар на Р. Бугарија во Р. Македонија

Иван Шопов е роден во 1982 година во Тројан, Бугарија. Потекнува од уметничко семејство – многу рано влегува во водите на уметноста, пред сѐ ликовната, што го детерминира и неговиот интелектуален и академски развој. Во Тројан започнува да учи керамика, скулптура, занаети и уметност. Подоцна, Шопов станува академски сликар – дипломирајќи на Софиската национална академија на уметностите, отсек за графика, како првенец на генерација. Парелелно, во студентските денови, Иван започнува да создава и музика. По завршувањето на студиите одлучува комплетно да го посвети животот на своите две фасцинации – сликањето и музиката.

Од 2008. година, започнува да ги изложува своите дела ширум Европа. Во 2011 година го објави компилациското ЦД „Светла и Сенки“, кое содржи негови ликовни дела во дигитален формат.

You May Also Like