Со настапот на Драмскиот театар од Скопје со претставата „Грев или шприцер“ и со соoпштувањето на наградите беше спуштена завесата на 50-то јубилејно издание на ДАФ во Кочани кој се одржа од 26 до 31 мај …
Жирито во состав Сашко Насев драматург, Силвија Стојановска глумица и Љупчо Георгиевски режисер, гран при наградата за најдобра претстава на ДАФ и ја доделија на претставата „Домот на бернарда Алба“ од Лорка во режија на Кристина Атанасова-Арсова, а во изведба на Аматерскиот театар при НУ Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани.
Наградата за режија ја добија Ива Матиќ, Димитар Јакимовски и Ана Димитрова за преставата „Жив човек“ во изведба на театарската група од Гимназијата „Јосип Броз“ од Скопје. Наградата за главна машка улога му припадна на Јован Кмечко од Пивнице Република Србија, а наградата за главна женска улога и припадна на Марија Ѓоргиева од Аматерскиот театар од Кочани.
Награди за епизодни улоги добија Стефан Миленков од Тетарската група на Гимназијата „Никола Карев“ од Скопје и Ева Каланоска од драмската група од Гимназијата од Охрид.
Наградата за уметничка иновација и истражување во театарскиот израз ја доби преставата „Фактор жена“ во изведба на Тетараскта група „Без маски“ од Битола. Специјални признанија добија Ана Жежовска од Битола за драмскиот текст „Без маски“, Кире Ѓоргиев режисер од Струмица, Летечката театарска група од Тетово како и Емилија Колоска и Бранко Сапламаев за музиката во претставите од Охрид и Богданци.