Бинош и Бандерас во филм за чилеанските рудари

Антонио Бандерас и Жилиет Бинош ќе ги толкуваат главните улоги во филмот „33“, посветен на спасувањето на чилеанските рудари во 2010 година, кои минаа 69 дена заглавени во рудникот.

Antonio Banderas

Во рамки на подготовките на филмот, Бандерас и Бинош го посетија Чиле, каде се сретана со 33-цата спасени рудари, поради кои и филмот е наречен „33“.

Покрај со рударите, актерите се сретанаа и со чилеанскиот претседател Себастијан Пињеро, при што Бандерас изјави дека акцијата за спасување на заробените во рудникот претставува лекција за целиот свет за вредноста на човековиот живот.

Во „33“ Бандерас ќе го толкува ликот на рударот Марио Сепулведа, кој стана познат како „Супер Марио“ и прерасна во заштитно лице на заробените рудари.

You May Also Like