Групна изложба на локалните ликовни уметници во Прилеп

Вечерва (петок, 24 август) со почеток од 20:00 часот, во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“  во Прилеп, ќе биде отворена годишната изложба на дела од членовите на ДЛУП (Друштвото на ликовните уметници на Прилеп).

Ќе бидат изложени 35 дела од следните уметници:

МЕТОДИ ИСКОВ
БОЈАНА АРТИНОВСКА
ТОНИ ЧАТЛЕСКИ
АНИТА СОТИРОСКА
АЛЕКСАНДАР ТОДОРОСКИ
НАДЕ ТОСКОСКА
ОРДЕ СТАМБОЛЏИОСКИ
ЛЕПА МИЛИШЕВСКА
ВАСИЛ КОСТОВ
ВЕРА НИКОЛОСКА
МЕРИ ТОДОРОВА
РАДА ТОДОРОВА
ЗОРАН ЃОРЕСКИ
ДАРКО ТАЛЕСКИ
ЕМИЛИЈА ДИМОСКА
МАРИЈА ЃОРЃИОСКА
ОРДЕ МИЦКОСКИ
МАЈА НАЈДОСКА
БЕТИ МАКЕСКА
ДРАГОМИР МИХАЈЛОСКИ
ЕМИЛ ДИМОСКИ

На изложбата за прв пат ќе се промовираат членовите од неодамна формираниот подмладок на ДЛУП: КРИСТИЈАН ЈОВАНОСКИ, ВЛАДИМИР ЛАЗАРЕСКИ, ИНЕС ДАМЕСКА,ФИЛИП ЦАКОСКИ и АЛЕКСАНДРА АЦЕСКА.

Настанот ќе биде збогатен со настап на младите музичари од составот Remorse.

You May Also Like