Вечерва (петок, 24 август) во рамките на Битолско културно лето Битфест, продолжува третиот ден од Интернационалниот младински арт фестивал „Битола отворен град“.
Истата вечер во рамките на фестивалот промоција на својата книга „Поводи“ ќе има и битолскиот новинар и публицист Менде Младеновски, актуелен директор на Битолски весник. Промоцијата на книгата ќе се одржи во културниот центар Магаза со почеток во 20:00 часот. Промотери на книгата ќе бидат познатиот битолски писател и книжевен критичар Љубомир Груевски, како и главниот и одговорен уредник на „Нова Македонија“, Зоран Димитровски. Книгата содржи дел од колумните на Младеновски објавени во текот на 2011 година во неделникот Битолски весник.
Во античкиот локалитет „ Хераклеа“ со почеток во 21:00 часот концерт ќе одржи позната битолска музичка група „Паркети“.