Христо Петрески е најдобар театарски критичар според списанието „Сум“

Христо Петрески е првиот добитник на наградата „Ерго СУМ“ која оваа година за прв пат ја доделува списанието за уметност „Сум“.

Петрески ја добива наградата за серијата објавени театарски рецензии во текот на 2012 година, а жирито што одлучуваше за неа беше во состав Јордан Плевнеш, претседател на жирито, Блаже Миневски и Трајче Кацаров.

Утре во ЕСРА ќе биде промовиран и најновиот број на списанието „Сум“ во кое Петрески е претставен со рецензии за петнаест претстави од 2012 година.

You May Also Like