Бројни активности на НУ Спомен-куќа на Мајка Тереза

Денес, (петок, 24 август) во 11:00 часот, во просториите на НУ Спомен-куќа на Мајка Тереза, на прес јавноста ќе биде запознаена со активностите предвидени за одбележување на 102 годишнината од раѓањето на Мајка Тереза.

Како  централен настан на одбележување на годишнината од раѓањето на Мајка  Тереза, Спомен-куќата подготви премиерно прикажување на филмот „Живеејќи со Мајка Тереза“, од познатиот режисер од Јапонија, Шигеки Чиба.

Ќе бидат презентирани и резултатите од истражувањето  во Државниот Архив на Албанија, во Тирана, кое го реализираше кустос-водич Жаклина Глигоровски во втората половина на месец мај, 2012 година, а ќе бидат презентирани и другите тековни активности кои се дел од Годишната програмата на Спомен куќата за 2012 година, како подготовката на изложбата во Рим (Италија), културниот караван и др.

You May Also Like