Џон Литгоу и Алфред Молина во филмот „Љубовта е чудна работа“

,,Животот си има свои препреки, но рано научив дека полесно се надминуваат ако им пристапиш со искреност“, реченицата која Џорџ (Алфред Молина) ја изговара во една сцена од филмот можеби најдобро го опишува насловот на остварувањето ,,Љубовта е чудна работа”, кое режисерот Ајра Сакс внимателно го одбрал за да ги објасни сите тешки врски кои постојат на светот.

ljubovta_e_cudna1

 

По 39 години поминати заедно, Бен и Џорџ решаваат да ја искористат можноста да се венчаат благодарение на новиот закон за геј бракови. Меѓутоа, по враќањето од меден месец, одеднаш се’ тргнува на лошо: Бен добива отказ од долгогодишната позиција како хорски директор во Католичкото училиште и парот сфаќа дека повеќе не може да ја плаќа киријата за станот. Тие се принудени да се раздвојат и тоа за прв пат по повеќегодишен заеднички живот. Дали ќе успеат да ги надминат препреките или ќе се помират со ситуацијата дека не можат да останат заедно?

Во оваа трогателна драма на американскиот режисер Ајра Сакс главните улоги ги толкуваат брилијантните актери Џон Литгоу, Алфред Молина и Мариса Томеи. Филмот е прикажан на многу фестивали, како Берлинале, Трибека Филм Фестивал, Санденс Филм Фестивал, а критичарите дадоа одлични коментари:

,,Трогателно…исклучително убаво. Еден од најдобрите филмови оваа година.’’ – Paper magazine
,,Преубаво и потресно.’’ – Vanity Fair
,,Убаво прикажан портрет на една љубов. Литгоу и Молина се извонредни.’’ – Screendaily
,,Трогателен, нежен, прекрасен филм.’’ – firstshowing.net

Џон Литгоу кој ја толкува улогата на Бен, смета дека овој филм по многу нешта се разликува од останатите кои се занимаваат со слична тематика: ,,Последните неколку години браковите меѓу ист пол беа многу актуелни. Но, она по што овој филм се разликува од останатите е мотивот на човечност кој е присутен. Имавме прилика да погледнеме многу филмови за врски меѓу постари хомосексуални парови, но не можам да се сетам на ниеден за постар геј пар, а ова остварување убаво отсликува една таква приказна.’’

Филмот ,,Љубовта е чудна работа’’ публиката низ земјата ќе има можност да го погледне од 28 август.

Film Set - 'Love Is Strange'

You May Also Like