Град Скопје со богата новогодишна програма на плоштадот

И годинава на плоштадот „Македонија“ со многу забава и музика, како и со традиционалниот спектакуларен огномет ќе биде дочекана новата 2013 година. Дочекот на Новата година е во организација на Град Скопје, со поддршката на Т-Mobile и Т-Home.

На плоштадот „Македонија“ ќе настапат македонски музички ѕвезди: Нокаут, Тамара Тодевска, Роберт Саздов, Тони Зен, Аделина Таири, Дани, Бени, како и изведби на познати македонски ДЈ ѕвезди.

Новогодишниот концерт ќе започне во 20:00 часот, a се очекува да трае до раните утрински часови. Вистинска кулуминација ќе се случи точно на полноќ кога небото над Скопје ќе го осветли спетакуларен огномет, овозможен од двете компании.

Градот Скопје ги покануваат сите граѓани кои сакаат да се забавуваат на отворено со своите сограѓани, да ја прослават новогодишната вечер на плоштадот Македонија во Скопје.

You May Also Like