Изложба на Касиопеја Наумоска во КИЦ Софија

Изложба во КИЦ Софија на македонската уметница Касиопеја Наумоска на која ќе се претстави со два циклуса слики “Раце и лица” и “Барајќи одговор” …

KIC-Sofija-Bugarija

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија денеска ќе биде отворена изложба на познатата ликовна уметница Касиопеја Наумоска.

Наумоска ќе се претстави со два циклуса слики “Раце и лица” и “Барајќи одговор”. Изложбата ќе ја отвори директорот на Македонскиот културен центар Васко Шутаров, а проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија

Касиопеја Наумоска има реализирано над 25 самостојни и преку 100 групни и меѓународни изложби, а годинава одбележува 20 години од нејзината уметничка кариера.

Добитник е на значајни ликовни награди, меѓу кои наградата за сликарство “Петар Мазев” од ДЛУМ во 2003 година.

You May Also Like