Дејан Мирчевски е победник на конкурсот „Новите!“

„Кристалните јами на пропаста“  од Дејан Мирчески е најдобар дебитантски прозен ракопис, на конкурсот „Новите!“ кој го организира издавачката куќа „Темплум“.

Жирито во состав Ненад  Јолдески, Теона Мицевска и Иван Шопов од шеснаесетте пристигнати, ја издвои книгата на Мирчески која претежно е составена од кратки раскази и по некој кус-кус расказ, како и од една поголема целина која има драмска структура.

Оваа година на конкурсот  за најдобар дебитантски прозен ракопис пристигнаа 16 ракописи. Наградата изнесува 1000 евра и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“, а досегашни добитници се Алекс Букарски, Галијана Маркова, Дозгулпмус, Ненад Јолдески, Иван Шопов и Хигсов Бозон.

You May Also Like