Гоце Смилевски ја доби Наградата за медитеранска култура што ја доделуваат Министерството за култура во Италија и фондацијата “Kарикал”.
Признанието го доби за делото “Сестрата на Зигмунд Фројд”, а ќе му биде врачено денеска (петок, 28 септември, 2012) во театарот „Рендано” во Kосенца, Италија. Оваа награда ја добиле истакнати светски писатели.
„Сестрата на Зигмунд Фројд” лани ја објави познатиот италијански издавач “Гуанда”. Во 2010 година Смилевски ја доби наградата за литература на Европската унија, Италијанската национална радио телевизија го вброи романот меѓу 10 најдобри книги преведени на италијански јазик за 2011 година, а во моментот делото се преведува на 30 светски јазици.