Хуманитарен настан „Повторно сите заедно за Стефан“

Овој викенд на влезот на ЗОО Скопје и кај едукативниот центар во рамките на ПХВ проектот ” Повторно сите заедно за Стефан ” ќе бидат поставени касички каде што ќе можете да ги оставите вашите донации за Стефан и неговото семејство. Акцијата почнува во 10:00 часот.

 

Специјални гости : Гратис гушкање (Млади за љубов)

Со секоја донација добивате гушка !!!

БИДЕТЕ ХУМАНИ ДОНИРАЈТЕ

Организатори : Клуб на Млади на ООЦК Центар
Помагател : Зоолошка градина – Скопје, Млади за Љубов

——————–
Црвен Крст во Акција – Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) програмата, која претставува Национална алатка за регуритирање и задржување на волонтерите во редовите на организацијата на Црвениот Крст, изминатата година одбележа 15 години од процесот на својата имплементација на целата територија на Република Македонија.

… Во проектот вклучени се сите 34 Општински организации на Црвен крст во нашата земја, како и во градската организација на Црвен крст на град Скопје, преку кои се регрутираат млади волонтери на Црвениот крст на возраст од 14 до 18 години, кои добиваат соодветна обука за дисеминација, за културата на дијалог како основен предулсов на градење на интеркултурно општество, препознавање на потребите на заедницата и изработка на хуманитарен проект. Минатата година беа изработени рекордни 153 проекти за добробит на заедницата преку кои беа помогнати преку 2500 лица.
Ова година програмата е поддржана од CIRa во рамките на програмата Civica Mobilitas.

You May Also Like