Промоција на монографија за педагошката работа во балетот од Тања Вујисиќ-Тодоровска

Вечерва во МОБ ќе биде промовирана монографијата „Моделирање на педагошката работа на балетските репетитори“ од Тања Вујисиќ-Тодоровска …

salon MOB

Во фоајето на Македонската опера и балет вечер ќе биде промовирана монографијата „Моделирање на педагошката работа на балетските репетитори“ од Тања Вујисиќ-Тодоровска. Книгата ќе ја промовираат професорките Снежана Адамческа, Стефанија Лешкова и Елеонора Стебљак, народен артист од Украина.

– Монографијата на Тања Вујисиќ-Тодоровска претставува прв научен труд во Република Македонија, кој го третира комплексниот проблем на моделите на педагошката работа на репетиторите во балетската уметност. Според својата научно-методолошка структура и физиономија, ова дело поседува елементи на уникатен пристап кон педагошките димензии, констатира Снежана-Адамческа.

Тања Вујисиќ-Тодоровска е подеднакво успешна и на сцената и во педагошката дејност. Во текот на 25-годишната активна уметничка балетска кариера, таа на сцената на Македонскиот балет како примабарелина одигра над 40 водечки улоги во повеќе од 300 претстави. По заокружувањето на својата активна сценска кариера, Вујисиќ-Тодоровска се посвети на педагошка дејност и работи како раководител на Катедрата за балетска педагогија и како професор по предметите Методика на класичен балет и репертоар на Факултетот за музичка уметност на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

You May Also Like