Центарот за креативно живеење парК се’ уште нема свој објект, но додека не го оформи – парК е насекаде. Денес (сабота, 21 април) парК ќе биде во Кинотека на Македонија, во галеријата и задниот двор, од 10 до 20 часот.
Ќе се прославува Квинсдеј, преку славење на едно од најпрепознатливите обележја на Холандија и еден од најзините главни извозни производи – креативноста.
Ќе се прикажат дел од креативните активности на децата од Општина Карпош, а тие ќе настапат заедно со свои млади и повозрасни колеги. парК ги повикува сите, и возрасни и деца, како публика или како идни членови на парК. Ќе се сретнете и со луѓе кои токму со парК почнаа да си ги остваруваат соништата.
Посетителите ќе ги пречека Нестле, со Нескафе и Несквик, а настанот го помогнаа и Кнауф и Графити шоп Хром кои ги обезбедија ѕидовите и боите за графити – артистите.
* * *
парК (голема буква К, за креативност и култура) e центар за креативно живење, а не само културен центар, зашто тој се стреми да ги опфатиме сите страни на креативноста, па воедно и да ја демистифицираме – како можна професија, хоби, начин на размислување, животна стратегија, висока вредност за бизнисите. – велат Дејан Спасовиќ и Јасна Шоптрајанова од парК.
– Целта е да создадеме постојан и голем простор отворен за вон инстутиционалниот културен сектор, да обезбедиме отворен канал за соработка со властите и корпоративниот сектор, како и простор за аматерите – за учење, работилници, сцена, соработка со професионалци … Истовремено, центар што ќе развива и образува публика, ќе им овозможи на граѓаните да понудат идеи и да го побараат сегментот од културата што им недостасува.
Иницијативата постои од почетокот на 2010, а во меѓувреме како коорганизатори се јавуваат на Неделата на дизајн во Скопје, заедно со Паблик рум и Плакарт, се покрена млад бренд за дизајн и редизајн заедно со Машинскиот факултет, помош да се организираат дизајнерите на современ накит, се поттикна создавањето на бистрото за жива храна Здраво-Живо, кое сега со полна пареа организира работилници и обуки, организирање детска работилница за фотографирање настани, иницирање реоформување на нашиот најнаградуван хор, веројатно ќе се вдомат и два-три театри, една филмска продукција, неколку ликовни колективи и графити-мајстори …
Почетна поддршка дадоа Амбасадата на Кралството Холандија и Општина Карпош, па на 21. април во галеријата и задниот двор на Кинотека на Македонија, се организира дел од прославата на Квинсдеј со целодневен настан во којшто ќе бидат застапени сите овие сегменти, а наскоро следи и конкурс за користење на простор и термини за сите заинтересирани нови членови на оваа иницијатива.
Најава за отворањето на парК – во рамки на прославата на Квинсдеј 2012
21 април 2012, Кинотека на Македонија
10:00 – 19:00 часот
Сликање на лалиња – Ликовни уметници од Македонија и Холандија, одбрани од Амбасадата на Кралството Холандија
Графити во живо – Графити артисти за парК
Хорски настапи во живо – Хорови од основните училишта во Општина Карпош, Мешан хор „Кочо Рацин“, Женски младински хор при МКЦ и други градски хорови.
12:00 часот
Нов модел на културни институции – презентација и дискусија – Виолета Симјановска, PAC Multimedia
12:45 часот
Водење креативен бизнис – Мери Каровска, советник за развој на бизнис, парК
13:30 часот
Велосипед со приколка – дизајн, процес, конструкција, презентација на прототип, парК и Катедра за индустриски дизајн при Машинскиот факултет, УКИМ, Скопје
14:00 часот
Здраво-живо, работилница и дегустација на жива храна – Маја Платнар, бистро Здраво-живо во рамки на парК
15:00 часот
Средба на „Изворче“, „Развигорче“, „Женски младински хор“ и „Рустико“, Мини-концерт на поранешните членки на најнаградуваните хорови во Македонија, со диригентот Запро Запров
16:00 часот
Фотографирање настани – работилница и изложба, Tri-X за парК (со деца од основните училишта во Карпош)
17:00 часот
Литературно читање, Блесок – Јовица Ивановски, Александра Димитрова, Румена Бужаровска и Богомил Ѓузел (со деца од основните училишта во Карпош)
18:00 часот
Школа за анимација, Општина Карпош со деца и наставници од основните училишта
19:00 часот
Жарче – кус филм за деца, Проекција во рамки на Скопски филмски фестивал, продукција Наше маало, режија Томислав Османли, Музика Никола Коџабашија
20:00 часот
Театар на сенки (караѓоз), Театар Сенки и облаци
Слични настани ќе се организираат секој викенд, на различни локации, се’ до завршување на објектот на парК.