Изложба на фотографии од Меѓународниот конкурс за фотографии од културното наследство во изложбениот салон на Библиотеката „Искра“ во Кочани …
Изложба на фотографии наградени на Меѓународниот конкурс за фотографии од културното наследство е отворена во изложбениот салон на Јавната општинска установа Библиотека „Искра“ во Кочани. Организатори на изложбата се кочанската библиотека и Општина Кочани во соработка со Музејот на Македонија.
– Меѓународниот конкурс претставува проект кој почна да се реализира на иницијатива на Историскиот музеј на Каталонија, а со поддршка од Советот на Европа, како настан кој на несекојдневен начин, преку фотографија го приближува наследството на младите Европјани. Целта на конкурсот е преку фотографии да се сврти вниманието на помладите генерации кон културното богатство на сопствената земја како дел од заедничкото европско наследство, истакна пред присутните Наде Андоновска од Музејот на Македонија.
Изложбата ја отвори Сузана Горгиева, директор на Јавната општинска установа Библиотека „Искра“ која истакна дека таа е во рамки на манифестацијата „Топол културен бран“ во Кочани.